Можеби личи на татко и, ама го има нејзиниот карактер: Ќерката на Карлеуша за кратко време стана ѕвезда на социјалните мрежи
Јелена Карлеуша откри како изгледа еден ден со ќерките.
Таа е една од ретките дами од естрадата која не сака своите деца да ги експонира во јавност.
Сепак, бидејќи секој момент со нив е незаборавен, познатата пејачка понекогаш не може да одолее, а да не открие одредени детали од семејната атмосфера.
Така и овој откри едно видео кое за многу кратко време го привлече вниманието на сите нејзини фанови, и предизвика големо воодушевување, па со сигурност може да се каже дека Ника веќе е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.
Иако многумина велат дека личи на татко и, Ника дефинитивно го наследила карактерот на мајка си зошто е вистински шоумен. Таа откри како прави склекови, а причината за тоа, може да се заклучи, е играчка која долго ја посакува.
Нејзиното неодоливо видео ги разнежни сите на социјалните мрежи, а претпоставуваме дека и вие нема да останете рамнодушни и слатко ќе ве насмее.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами