Свет
7. May 2017 - 20:13

Моторџиите на Путин грмеа низ Санкт Петербург: Ноќните волци тргнаа кон Берлин

Бајкерите од мотоциклистичкиот клуб „Ноќни волци“ продефилираа по централните улици на Санкт Петербург на пат кон Москва по повод прославата на Денот на победата.

Претходно е соопштено дека членовите на „Ноќните волци“ кои се организатори на турнејата „По патиштата на слободата - на Берлин“, не ги пуштија да влезат во Полска.

Полските власти им забранија да влезат поради сомневање дека се екстремистичка организација.

Трасата на учесниците на мото-турнејата „По патиштата на слободата - на Берлин“ поминува низ Смоленск, Минск, Варшава, Братислава и Дрезден. 

Главниот настан е планиран во Берлин на 9. мај.