Македонија
30. September 2025 - 14:06

Мотоциклист удрил во 76-годишна жена и тешко ја повредил

На 29.09.2025 во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.Србија“ во Скопје мотоцикл јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(26) од населба Илинден, скопско, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К., констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.