-->
-->
Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје
-->
Вчера околу 14.50 часот на крстосница од ул.„Отокар Кершовани“ и сервисна улица која ги поврзува бул.„Крсте Мисирков“ со бул.„Никола Карев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолскваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(48) од с.Никиштани, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Р.(33) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Р., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ликовни и литературни автори донираа дела за хуманитарно-продажната изложба за настраданите во Кочани
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Кристоф Камп, висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства
-
Гром усмрти жител во прилепско Мажучиште
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 2 153 повици, три пожари на отворено
-
Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт
-
Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј
-
Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок
-
Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети