-->
-->
Мото ГП: Пол позиција за Лоренцо
-->
Возачот на Јамаха Хорхе Лоренцо ја освои пол позицијата пред трката за Големата награда на Чешка. Шпанецот до пол позицијата на патеката во Брно стигна со рекорден круг од 1:54.989 минути.Покрај Лоренцо трката од првиот стартен ред ќе ја започнат актуелниот светски првак Марк Маркез на Репсол Хонда и клупскиот колега на Лоренцо, Валентино Роси.
Во вториот стартен ред по квалификациите се најдоа Андреа Јаноне (Дукати), Бредли Смит (Јамаха Тех 3) и Андреа Довициозо (Дукати).
Трката за Големата награда на Чешка, 11-та во кралската класа во Мото ГП шампионатот, ќе се вози в недела од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
