Москва: Зачленувањето на Црна Гора во НАТО би било избрзано
Русија смета дека евентуалното зачленување на Црна Гора во НАТО во сегашните услови би претставувало избрзана одлука, изјави рускиот заменик-амбасадор во Подгорица, Владимир Гурко.
- Подгорица треба уште еднаш да ги пресипита предностите и слабостите на зачленувањето (во НАТО), порача Гурко на прес-конференција во Москва.
Тој нагласи дека Москва е „сериозно загрижена“ поради политиката на Црна Гора за „забрзана интеграција“ во НАТО.
- Руската Федерација смета дека проектот за проширување на НАТО во денешно време е во спротивност со реалните потреби во безбедносната сфера. Механичкото проширување на Алијансата, која не ги зема предвид интересите на сите држави од евроазиската заедница, веќе доведе и продолжува да води кон создавање на нови линии на поделби, оцени Гурко.
Според него, концептот на проширување на НАТО е поврзан со „барањето надворешни непријатели“ и дека е насочен кон „реконструирање на железната завеса“ во Европа.
- Зачленување на Црна Гора во НАТО сериозно би ги нарушило односите меѓу нашите две земји и би ги довело во прашање напорите за формирање општоевропска безбедносна архитектура, порача Гурко.
Ново на Сител
-
Облачно и ветровито до среда, потоа следува стабилизација на времето
-
Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје: Водоснабдувањето постепено се стабилизира, екипите работат на терен
-
Се преврте чамец со 11 луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани
-
Трамп оваа недела очекува резултати од мировниот план за Газа
-
Јувентус и Милан ремизираа, Пулишиќ промаши пенал
-
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка, најмногу дожд во Крушево
-
Аеродромот во Осло привремено ги прекина летовите поради забележани дронови