-->
-->
Москва: Уништени разузнавачки центри на украинската армија во Одеса
-->
Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион” ги уништил електронските разузнавачки центри на украинската армија во областа Одеса, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
– „Бастион” ги уништи разузнавачките центри во местата Велики Далњик и Великодолинское, истакна Конашенков.
Тој додаде дека руски борбен авион рано утринава уништил четири ракетни системи на противвоздушната одбрана на украинската војска, меѓу кои три системи С-300 и еден Бук-М1.
– Руската армија со помош на беспилотни летала во раните утрински часови гаѓаше 69 воени објекти, а меѓу целите беа и четири команди, вклучувајќи го и штабот на една бригада. Соборени се 12 украински беспилотни летала, посочи Конашенков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула
-
Гостивар се повлекува од ПМФЛ
-
Сабаленка го освои турнирот во Мадрид