Свет
31. August 2016 - 15:03

Москва тврди дека портпаролот на ИД бил убиен во руски воздушен напад

Портпаролот на ИД, Абу Мухамед ал-Аднани е убиен во воздушен напад на руски сили, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во него се нагласува дека Аднани е еден од 40-на џихадисти убиени во напад извршен од руски сили врз подрачјето Маратат-Ум Кауш, во провинцијата Алепо во Сирија.

Пентагон вчера соопшти дека САД извршиле напад чија цел бил портпаролот на ИД, но не прецизираа дали Аднани бил убиен.