Москва: Примирјето во Сирија се почитува

Режимот на прекин на огнот во Сирија целосно се почитува, изјави денеска началникот на рускиот владин Центар за помирување на страните вклучени во сирискиот конфликт, Сергеј Кураленко.
Како што јави ТАСС, Кураленко нагласи дека во последното деноноќие не е регистриран ниту еден вооружен инцидент со употреба на тешко оружје.
- Во исто време, илегалните вооружени групи Лива ал Хак и Ахрар ал Шам во два наврати стрелале врз пунктови на сириските владини сили во централната провинција Хомс, при што е убиен еден сириски војник, нагласи Кураленко.
Тој истакна дека Русија досега не добила одговор од САД на нејзиниот предлог доставен на 25 февруари за воспостваување на контролен механизам за следење на прекршувањето на прекинот на огнот во Сирија.
Куриленко посочи дека е неприфатливо тоа што САД се уште не одговориле на иницијативата, бидејќи со тоа „придонесуваат за нови жртви меѓу цивилното население“.
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
