Москва инсистира дека „Турција знаела оти соборениот авион е руски“
Официјална Москва ги отфрли турските тврдења дека нејзините пилоти не знаеле оти авионот по кого пукале и го собориле, бил руски.
Во руската реакција се вели дека авионот имал лесно препознатливи ознаки, што можеле многу јасно да се видат, како и дека „Сухојот„ летал според координатите кои и се пренесени на воената команда на САД, која е сојузник со Турција.
Според рускиот претседател Владимир Путин, кој бара од Анкара извинување за инцидентот и компензација за направената штета, Турција е дел од меѓународната коалиција, што ја предводи САД, во борбата против Исламска држава (ИД) и нејнзите воени сили морале да знаат дека руските авиони дејствуваат во реонот каде беше соборен „Сухојот“.
„Што ќе се случеше доколку авионот беше американски, дали тоа значи дека и тој ќе беше соборен„- рекол синоќа претседателот Путин.
Рекацијата на Москва и на рускиот претседател доаѓа по интервјуто на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за француската телевизија Франс-24 во кое тој изјавил дека „можеби поинаку би се реагирало, доколку се знаело дека станува збор за руски авион„.
На почетокот од руското вклучување во бомбардирањето на позициите на ИД во Сирија, воените команди на Русија и САД се договорија да соработуваат околу коордирањето на дејствијата против џихадистите, за да не дојде до некаков воздушен инцидент.
Москва сега тврди дека според тој договор, од руска страна на Американците им се дадени координатите и податоците за тоа каде ќе дејствуваат руските авиони, на која висина и во кои реони.
Официјална Анкара ја отфрли можноста за извинување на Русија за инцидентот и натаму тврдејќи дека авионот бил во турскиот воздушен простор, како и дека руските пилоти биле предупредувани „десетина пати во текот на пет минути„.
Независни странски воени експерти изразуваат сомневање во тоа, затоа што леталото се нашло во турскиот воздушен простор не повеќе од 17 секунди.
Руската страна сега тврди дека САД ја известиле Турција за нивниот договор со Русија, околу летовите на нејзните авиони над Сирија и за деталите од него, непосредно пред инцидентот.
Од Москва за прв пат се споменува спремноста за заедничко дејствување против џихадистите на ИД и терористите, со силите на меѓународната коалиција предводена од САД, но дека за руската страна се „апсолутно неприфатливи„ инцидентот со авионот „Сухој 24„ и убивањето на руски војници.
Ново на Сител
-
И кажале дека има биткоини вредни 900.000 ден. но мора да има пари на сметка, измама во Куманово
-
Снегот ја парализира Западна Европа: Илјадници заглавени камиони и милионски штети
-
48 годишен кумановец физички нападнат од сопругата
-
Туск: Војната во Украина станува драматична и реално се заканува да стане глобална
-
Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија
-
Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху
-
Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
-
Контролирана експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик