Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје

Русија и Украина денеска си разменија меѓусебни обвинувања за кршење на тридневниот прекин на огнот, што еднострано беше прогласен од рускиот претседател Владимир Путин.
Според податоците на украинскиот Генералштаб, во изминатите 24 часа на бојното поле имало речиси 200 судири.
Околу клучниот рударски град Покровское, во источниот регион Донецк, Украина одбила 71 руски напад, покажува најновиот извештај од теренот. Градовите во близина на линијата на борби, исто така, се гранатирани, наведува Генералштабот.
Руските власти пријавија напад со украински дрон врз регионалната администрација во Белгород.
Гувернерот Вјачеслав Гладков објави видео на Телеграм кое очигледно ги прикажува последиците од нападот.
На снимката можеа да се видат некои метални делови расфрални по земјата- веројатно остатоци од дрон, иако не е видлива поголема штета на зградите.
Во нападот немаше смртни случаи ниту повредени, рече Гладков.
Информациите за ситуацијата на линијата на фронтот не можеа независно да се потврдат.
Прекинот на огнот, за кој Путин рече дека го прогласил од хуманитарни причини, треба да завршува во сабота навечер.
Ова доаѓа во време кога Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над нацистите во Втората светска војна со голема парада на Црвениот плоштад во Москва.
Украина тврдеше дека примирјето било само очигледно и побара негово продолжување за 30 дена.
Ново на Сител
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
