Москва ги обвинува Десен сектор и кримските Татари за прекинот на струја на Крим

Руските власти ги обвинуваат припадниците на десничарската украинска партија Десен сектор и на Националното движење на кримските Татари, за прекинот на струјата на полуостровот Крим.
Во неделата, беа тешко оштетени четири далекуводи во реонот на градот Кершон, во јужна Украина, преку кои Крим и натаму се снабдува со украинска струја, иако полуостровот од март 2014 година, е анектиран од Русија.
Според руските власти, оштетувањето на главните далекуводи за доставување струја за Крим, претставува „акт на тероризам“.
Најголемиот број од двамилионското население на полуостровот, и денеска се без струја.
Прогласена е вонредна состојба, па денека е неработен ден на полуостровот.Фабриките и околу 1500 училишта се затворени, а работат само најнеопходните услужни сервиси, како и градскиот сообраќај во Симферопол.
Болниците работат и примаат пациенти, затоа што користат струја од генератори.
Освен електрична енергија, во некои делови на Крим се регистрирани и случаи на недостиг од греење.
Претставник на кримските Татари, кои се национално малцинство на полуостровот и се противат на руската анексија, соопштија денеска дека не се точни обвинувањата оти не им дозволуваат на украинските служби да ги поправат далекуводите.
Според овој претставник, далекуводите се оштетени од „големо невреме„.
Украинската електро компанија „ Укренерго“ меѓутоа, тврди дека сите четири далекуводи се онеспособени со експлозив.
Една локална украинска телевизиска станица објави дека кримските Татари бараат „ослободување на сите политички затвореници„ меѓу кои и на нивниот лидер Мустафа Џемлиев, но за Би-Би-Си тој рекол оти неговите приврзеници ќе им дозволат на Украинците да ги поправат далекуводите.
- Наскоро Крим ќе има одново струја, изјавил Џемлиев за британската тв комапнија.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
