Москва: Црвениот плоштад ќе биде затворен за Новогодишната ноќ поради безбедносни причини
Црвениот плоштад во Москва, тредиционалното место за собир на Русите и туристите во руската престолнина по повод дочекот на Новата година ќе биде затворен на 31 декември поради безбедносни причини, соопштија денеска градските власти.
Оваа година полицијате ќе ги враќа сите кои ќе пристигнат на плоштадот со желба на тоа место на полноќ да ја испратат старата и да ја дочекаат Новата година, изјави шефот на безбедносната служба во Москва, Алексеј Мајаров.
Како официјална причина за затворење на една од најголемите туристички атракции во Русија се наведува снимањето на концертот во живо за државната телевизија „Канал 1“, на кој ќе може да присуствува само одбрана публика, пренесуваат руските медиуми.
Москва воведе низа остри безбедносни мерки откако во ноември во Париз беше изведен терористички напад.
Нападите во Париз за зголемија вознемиреноста по соборувањето на рускиот патнички авион над египетскиот Синај кон крајот на октомври, кога се убиени 224 лица, за што Москва тврди дека е терористички акт.
- Не е тајна дека Москва е посакувана мета на меѓународните терористи, изјави во текот на декември градоначалникот на Москва Сергеј Собјанјин.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение