Москва: Анкара го прекрши Договорот за отворено небо
Руското Министерство за одбрана ја обвини Турција дека го прекршила Договорот за отворено небо затоа што не му дозволила на руски извидувачки авион да прелета преку турска територија во близина на границата со Сирија, јави Танјуг.
- Тоа создава опасен преседан настанат заради недостигот на контрола на воените активности на земјата, која е членка на Договорот за отворено небо, соопшти руското Министерство.
Министерството нагласува дека планот на руските летови за периодот од 1 до 5 февруари однапред и бил доставен на турската армија, но дека Анкара не дозволила прелет на извидувачкиот авион, бидејќи тврдела дека таквиот план турската страна никогаш не го добила.
Со Договорот за отворено небо, што во 2002 година го потпишаа 30 земји, вклучувајќи ги и Русија, Турција, ЕУ и САД, предвидено е секоја од земјите потписнички од лични интереси да може да изведува извидувачки летови со авиони без вооружување, за да може да собира информации за воени и други активности.
Ова е најновиот во серијата инциденти што се поврзани со турскиот воздушен простор и руските авиони, кои доведоа до напнатост во односите меѓу двете земји.
Првиот инцидент се случи во ноември, кога турската војска собори руски авион во мисија над Сирија, со образложение дека го нарушил воздушниот простор на оваа држава, што доведе до влошување на дипломатските односи меѓу двете земји, а Москва воведе економски санкции кон Анкара.
Ново на Сител
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош