-->
-->
Московските власти го отстранија импровизираниот споменик за Борис Немцов
-->

Московските власти го отстранија импровизираниот споменик на рускиот опозициски лидер Борис Немцов, што вчера беше поставен по повод двегодишнината од неговото убиство.
Споменикот се состоеше од букети цвеќиња, фотографии и свеќи што беа оставени за време на вчерашниот митинг на мостот над река Москва, каде беше застрелан Немцов. На митингот учествуваа илјадници лица.
Неколку лица се обиделе да ја спречат екипата на комунална хигиена да ги отсрани цвеќињата, но како што тврди Надежда Митјушкина од опозициското политичко движење Солидарност, тие биле приведени.
Немцов, поранешен вицепремиер од времето на Борис Елцин, а потоа еден од најголемите критичари на Владмир Путин, беше убиен пред најавените антивладините протести во Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
