Московиси заинтересиран за местото претседател на Еврокомисијата
Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси најави дека е заинтересиран да го наследи актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по истекот на неговиот сегашен мандат во 2019 година.
- Кандидатурата за претседател на Европската комисија би можела да ме заинтересира. Но, јас ќе имам услови за тоа. Не сакам да водам кампања само заради кампањата, туку и со амбиција да победам, изјави Москвоси во интервју за германскиот магазин „Велт“.
Јункер во февруари најави дека нема намера да се кандидира за втор мандат на фунцкцијата претседател на Европската комисија.
Според Московиси, неговото искуство како европратеник, европски комесар и како француски министер за економија и за внатрешни работи, го прави соодветен кандидатат за претседател на Европската комисија.
Тој сепак призна дека оваа функција не е единствената за која размислува. - Исто така и нешто друго би можел да работам доста добро, порача Московиси.
Осврнувајќи се на лошите изборни резултати на неговата Социјалистичка партија на последните парламентарни избори во Франција, Московиси оцени дека „социјалдемократијата во Европа е во криза“.
- (На социјалдемократијата) и недостигаат решителност, јасни цели и идеи. Прашање е дали можеме да го изградиме сето тоа за само две години (до евроизборите), истакна Московиси.
Следните избори за членови на Европскиот парламент се предвидени за во мај 2019 година, по кои ќе биде избрана и нова Европска комисија.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци
-
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите
-
Обвинителството бара притвори за Онкологија
-
Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
-
Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас