-->
-->
Морнар ја совлада Крка во борба за опстанок во АБА лигата
-->

Кошаркарите на Морнар забележаа значајна победа над Крка во дуелот за опстанок во регионалната АБА лига.
На средбата од 24. коло одиграна во Ново Место, црногорскиот тим Морнар славеше победа над Крка со 72-63. Со овој триумф Морнар сега има една една победа повеќе од Крка и Задар кои се на последните две позиции, а идентични осим победи како и македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
Будуќност пак ја продолжува борбата за третото место и подобра позиција во пресрет на плејофот. Црногосткиот шампион со 93-83 ја победи екипата на ФМП.
Вечерва во АБА лигата ќе се одигра натпреварот Мега Лекс – Партизан, додека за утре се закажани две средби. Лидерот и актуелен шампион Црвена Ѕвезда ја пречекува Унион Олимпија, додека од 21 часот во СЦ „Јане Сандански“ макеоднскиот првак МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Игокеа.
Оваа рунда во АБА лигата ќе биде комплетирана во среда со натпреварот Задар – Цибона.
Табела: Црвена Ѕвезда 22-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Будуќност 17-7, Партизан 17-6, Цибона 12-11, ФМП 10-14, Игокеа 11-12, Олимпија 10-13, Карпош Соколи 9-15, Мега Лекс 9-14, МЗТ Скопје Аеродром 8-15, Морнар 8-16, Крка 7-17 и Задар 7-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
