Моравјецки ја предупреди ЕУ да не ја „уценува“ Полска во однос на владеење на правото
– Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската комисија и делови од Европскиот парламент дека неправедно ја издвоиле неговата земја за прашања поврзани со владеењето на правото, јави ДПА.
Моравјецки цитираше правни одлуки од Франција, Германија и Данска за кои тврде дека ја релативизирале превласта над законодавството на ЕУ на сличен начин како и неодамнешната пресуда на Уставниот полски суд.
ЕУ може да престане да биде федерација на слободни држави и да стане централно управувана група провинции доколку моќта на институциите на ЕУ не се контролира, предупреди тој. – Ова не е она на што се согласивме во договорите, рече Моравјецки.
Претходно, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави дека Брисел „нема да дозволи“ Полска да ги доведе во ризик вредностите на ЕУ. Во обраќањето пред пратениците во Стразбур, Фон дер Лејен рече дека неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Полска претставува закана за основните принципи на блокот.
Европската унија е во конфликт со Полска поради одлуката на Варшава да воведе промени во судскиот систем на земјата, што и даваат на владата поголема моќ над судовите. Унијата го смета овој потег за недемократски, додека владејачката Партија на правото и правдата вели дека промената била неопходна за реформира на неефикасниот систем. Уставниот суд на Полска неодамна пресуди дека националното законодавство е над она на ЕУ.
Полските лидери испратија порака до ЕУ пред денешното обраќање на премиерот Матеуш Моравијецки пред Европскиот парламент: – Не подлегнуваме на уцени, рече Јарослав Качински, де факто лидер на земјата и водач на владејачката Партија на правото и правдата.
Иако Полска и владеењето на правото не се на дневен ред за состанокот на лидерите оваа недела, холандскиот премиер Марк Руте рече дека ќе инсистира на замрзнување на средствата за Полска. Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел веќе ги предупреди земјите од ЕУ и Европскиот парламент да не брзаат да ги блокираат средствата за опоравување на Полска.
Европскиот парламент, исто така, врши притисок врз претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, да дејствува против Полска, или со блокирање на парите за помош за опоравување поради пандемијата или со воведување нов механизам што ќе го поврзе финансирањето на ЕУ со критериумите за владеење на правото.
Ново на Сител
-
Општините ќе одлучуваат дали ќе ги легализираат или рушат дивоградбите
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот