МОН:Укинато екстерното тестирање
Министерството за образование и наука денеска соопшти дека со усвојувањето на измените на Законот за основното образование, на Законот за средното образование и на Законот за наставници во основните и средните училишта се укина екстерното тестирање.
- Собранието на Република Македонија вчера донесе Закон за изменување на Законот за основното образование, Закон за изменување на Законот за средното образование и Закон за изменување на Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање, стои во соопштенито.
Измените на законите, како што посочуваат од Министерството, се објавени во „Службен весник на Република Македонија” бр. 67 од 1 јуни 2017 година и стапија во сила со денот на нивното објавување.
- Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот