Монструозно злосторство во Скопје: Очув силувал тригодишно дете
Скопјанка вчера во полициската станица Центар пријавила силување на нејзиното тригодишно дете.
Имено, Е.П. (45) од Скопје пријавила дека во периодот од Септември 2016 година до 07.12.2016 година нејзиниот невенчан сопруг А.К. извршил полов напад врз нивното тригодишно дете.
Според пријавителката, половиот напад се случил кога остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Истата забележала дека по средбите детето е вознемирено, но со оглед дека детето боледува од церебрална парализа истото не можело да каже што се случува на средбите со таткото.
Пријавителката го однела детето на специјалист невропсихијатар на преглед, а според
наодот од Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, констатирано било дека кај детето постои емоционална вознемиреност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
-
Забарана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ
-
Многу топло време и утре, освежување од сабота
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки