Монструмот што ја уби Тијана тврди дека не го сторил тоа, туку му наместиле убиство
Драган Ѓуриќ од Сурчин кој е осуден на 40 години затвор зошто во јули 2014 година во Бајмок свирепо ја уби Тијана ЈуриЌ (15) неодамна се жалел на активнисти од една организација која се занимава со правата на осудениците дека не го убил девојчето и дека полицијата се му наместила.
И покрај цврстите и несоборливите докази кои недвосмислено укажуваат на тоа дека ѕверски му пресудил на девојчето, Ѓуриќ од затворот „Нова скела“ се обидува да најде адвокат кој ќе му издејствува ново судење.
Ѓуриќ во текот на разговорите со членовите на оваа организација упорно тврдел дека по апсењето во август 2014 година, полицијата му изнудила признавање на делото.
-Се жалел дека инспекторите го фатиле на препад и го заплашиле, па тој не бил свесен за што зборува. Вели дека се му било наместено и дека не го убил девојчето, вели еден од активистите.

Ѓуриќ се надева дека, доколку некој правник му помогне, повторно ќе му биде судено.
Меѓутоа ниту еден адвокат нема тоа да го направи, веројатно сметајќи дека тоа е чисто губење на време.
Адвокатот Виктор Гостиљац кој го застапуваше Ѓуриќ на судењето, вели дека не слушнал дека неговиот некогашен клиент не сака повторување на постапките:
-Не сум повеќе во контакт со нив, а ни мојата канцеларија никој конкретно не ја контактираше со такво барање, рече адвокатот.
Ново на Сител
-
Хамнеи: Исламската нација никогаш нема да им се предаде на САД
-
Добри пари за добар фудбал | Масар Омерагиќ | Неформално | Sitel Podcast 100
-
Стотици илјади луѓе се собраа на 30-годишнината од Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната
-
Бројни полициски тимови распоредени низ Белград
-
Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
-
Приведен кавадарчанец осомничен за кражба
-
Стојкоски: Се подготвува нов закон за усгостителска дејност со одредби за контрола и кривична одговорност
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот