Монструм: Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски
Еден од родителите на убиените момчиња кај Смиљковското Езеро, пред почетокот на судењето за случајот Монструм се обрати на судот и праша што ќе се случи доколку судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани кои го водат случајот бидат изберени во Апелацискиот суд за кој конкурирале.
-Судија да го повикате Заев да не избега и тој да се бања во некое џакузи како Груевски.
Судот ги уверуваше родителите дека Заев ќе биде повикан и ќе се обезбеди снимката од Собрание каде Заев зборува за овој случај дека има нови бомби.
Инаку денеска во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм“.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат СМС-пораки и други транскрипти, предложени како дополнителни докази од Обвинителството.
Минатото рочиште беше одложено поради смртен случај на еден од поротниците.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%