„Монструм” продолжува со презентација на сведоци
Со презентација на сведоци од обвинителство денеска во Кривичниот суд Скопје продолжува судскиот процес за случајот „Монструм”.
На последното рочиште исказ даде началник на одделението за увид на место на настан при Министерството за внатрешни работи. Неговото сведочење траеше кратко и беше поврзано со претходен исказ на сведок по однос на пронаоѓањето на автомобилот „Опел Омега” за кое во обвинението се вели дека е користено од страна на обвинитетите кои го извршиле убиството на 12 април кај Смилковско Езеро.
Во оваа прилика сведокот прецизираше дека само слушнал од негов старешина дека е пронајдено возило во местото Враживир, но оти никогаш не го видел.
За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Судењето за овој предмет го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Ново на Сител
-
Во Лазарополе минус еден, на Попова Шапка нула степени
-
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади
-
Денес се празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија
-
ИДФ го уби лидерот на Хамас во Либан
-
Бајден: Недозволиво е да избувне сеопфатна војна на Блискиот исток
-
Најмалку 69 загинати од ураганот Хелена во САД
-
Израел подготвува копнена инвазија врз Либан
-
Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија