Монодрами од Македонија и Бугарија вечерва на Фестивалот во Битола
Јубилејното 20-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ вечер продолжува со две монодрамски претстави на кои ќе настапат актери од Македонија и Бугарија.
Пред битолска публика ќе бидат изведени монодрамата „Јас Селма“ во која настапува актерката од Македонија, Симона Спировска. Автор и режисер на монодрамата „Јас Селма“ е Милош Андоновски.
Во вечерниот термин од 22 часот, во Центар за култура-Битола ќе настапи и бугарскиот актер Михаил Милчев, член на театарот Артсенсориум од Софија, кој ќе ја изведе монодрамата „Мадам Мишима“ чиј автор е Елена Алексиева, а режисер Калин Ангелов.
Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2018“ завршува утревечер со монодрамата „Ќиро Блажевиќ“ во изведба на популарниот хрватски актер и шоумен Тарик Филиповиќ. Од фестивалскиот прес центар информираат дека влезниците за гостувањето на Тарик Филиповиќ биле распродадени пред почетокот на фестивалот
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата