-->
-->
Моника Левински откри сочни детали за сексот со Клинтон: Ми делеше комплименти, па отидовме во тоалетот, кога завршивме го направив ова
-->
Моника Левински си ја отвори душата и одлучи јавно да зборува за пикантериите кои со години ја скокоткаше фантазијата на јавноста - за тоа како тогашниот претседател на САД Бил Клинтон, нејзиниот шеф ја завел.
Моника Левински изминативе 20 години зборуваше во разни медиуми, но ретко спомнуваше детали за аферата со Клинтон.
Меѓутоа, документарецот The Clinton Affair промени многу.
Таа објаснува дека одлучила да учествува во документарецот за аферата со претседателот бидејќи не сака нешто слично да му се случи на уште некој млад човек.
Имено, за време на аферата со претседателот, Моника имала 22 години и била приправничка во Белата Куќа.
Како што објаснила таа, дамката на фустанот по која стана уште попозната била по сексуалниот однос со претседателот во тоалетот во канцеларијата, тогаш Клинтон и поклонил брош и книга од Волт Витман „Leaves of Grass“.
Тоа што ми ја поклони таа книга за мене имаше посебно значење. Тоа е интимна книга која не се дава туку така. Се што ме мачеше: дали е тоа што навистина го чувствувам? Постои ли тука нешто? Сите тие несигурности некако исчезнаа кога ми ја подари оваа книга, рекла Моника.
Влегов во канцеларијата со Кинтон и неговата секретарка, која по неколку минути излезе. Клинтон ми го даде подарокот и ми рече: Слатка си со тој твој шешир“, така нешто, се потсетува Левински.
- Се упативме кон тоалетот, каде што станавме уште поинтимни. Ми делеше комплименти, јас му ги возвраќав. Дојдовме до точка во која тој застана, но јас собрав храброст и го прашав дали сака да продолжи: Тој конечно рече „ок“, додала Левински.
Тој ден се симнав на вечерата, ниту еден од луѓето кои ме сретнаа не ми кажаа дека имам дамка на фустанот.
Кога информациите за нивната аферата се прошири во јавноста, Клинтон негираше. „Не сум имал односи со таа жена“, ова го кажа на една конференција во Белата Куќа која до него стоеше сопругата Хилари Клинтон.
После тоа фустанот, послужи како доказ дека на фустанот има ДНК од Клинтон, па немаше избор, туку мораше јавно да признае за својата афера.
Скандалот набрзо стана глобален, па дури некое време ја затресе претседателската позиција на Клинтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација