„Монд“: Македонија бара од Грција да воведе ред во Идомени
Како одговор на острите критики од Атина поради „прекумерната“ употреба на сила за време на инцидентите со стотината мигранти во неделата, македонските власти и одговорија на Грција, дека во нејзина надлежност е да воведе ред и и да се почитува законот во кампот Идомени, пишува париски „Монд“.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, последните настани на границата со Грција во кампот Идомени, се најдоа на сите насловни страни на весниците, веб порталите и радио и телевизиските вести во Франција.
Одговорот на макеоднските власти дојде по острите критики на грчката влада на сметка на својот северен сосед, кој само ја потсети Атина „дека спроведувањето на законот и воспоставувањето на јавен ред, во граничната зона, внатре, како и надвор од кампот Идомени се од големо значење за да се спречат нови инциденти“ - го пренесува париски „Ле Монд“ соопштението на македонското Министерство за надворешни работи.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас, како што објаснува парискиот весник, „ги обвинува Македонците дека на ‘срамен’ начин ги одбиле стотината мигранти кои сакаа насила да ја поминат границата, обвинувајќи дека македонските сили користеле покрај солзавец и гумени куршуми“.
Скопје, според „Монд“, ги демантира овие тврдења, упатувајќи исто така дипломатска нота до грчката канцеларија во Скопје во која се нагласува: „Со цел да се избегнат во иднина вакви инциденти, министерот повикува на зголемена соработка со полицијата и грчките власти задолжени за безбедноста, како и акциите за превенција и споделба во неопходно време на сите значајни информации кои ќе дозволат да се обесхрабрат насилничките манифестации на мигрантите“.
Весникот на крајот појаснува за своите читатели дека односите меѓу Македонија и Грција се лоши од самото прогласување на независноста на Македонија во 1991 година, околу веќе добро познатиот проблем со името. Последните инциденти на границата само ги разгоореа старите тензии, заклучува весникот.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот