МОН воведува нова стипендија од 6.000 денари
На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за воведување нова стипендија за студенти за наставен кадар за основно образование уште од првата година на студиите во висина од 6.000 денари.
Покрај оваа мерка за унапредување на квалитетот на наставните кадри во основното образование, Владата денеска на предлог на МОН ја усвои и Програмата за ученичкиот и студентскиот стандард за 2018 година, Програмата за научно-истражувачката дејност за оваа година, како и програмите за изградба и реконструкција на средни и основни училишта.
Министерството за образование и наука пред членовите на Владата достави Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за учебници за основно и средно образование.
Предлогот за измени на Законот, како што соопшти владината прес-служба, се однесува на можноста за брза корекција на утврдените грешки во учебниците, како и на можноста на конкурсите за учебници освен домашните автори да учествуваат и издавачите кои ќе имаат можност предлагаат адаптирани учебници од странство доколку тие ги исполнуваат критериумите на МОН.
Ново на Сител
-
Засилени полициски контроли
-
Младите би останале да живеат во Македонија, но треба да има подобри услови
-
Нови 35 проекти во Струмичкиот музеј
-
Преглед на вестите од светот
-
Американската резолуција за Украина изгласана откако доби европски „шмек"
-
Тема на денот со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје
-
Кратово достојно го одбележа празникот за заштитникот на градот - Св. Ѓорѓи Кратовски
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија