МОН: Седум ученици и пет наставници активни на КОВИД-19 се од настава со физичко присуство

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на КОВИД-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.
Во однос на основните училишта, МОН наведува дека од активните случаи – седум од учениците и пет од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата и известува дека во сите случаи се почитувани препораките од центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите.
Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар.
-Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради КОВИД-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што има континуитет во образовниот процес. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата. Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита, соопшти МОН.
Информира и дека успешно се спроведува наставата од далечина и околу 87 проценти од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет-конекција потсетува дека часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.
Министерството за образование и наука во соопштението наведува и дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.
Ново на Сител
-

Руте: Путин е главната пречка за мирот во Украина
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
