МОН продолжува со парично стимулирање на учениците кои ќе освојат награда на натпревар
Министерството за образование и наука објави конкурс за парични награди за основци и средношколци и за нивните наставници-ментори за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки.
Рокот за аплицирање е до 30 јуни, а условот е на меѓународниот натпревар да учестувуваат најмалку десет држави. За прва освоена награда МОН ќе додели 50 отсто од просечна нето плата во РМ, 40 отсто за втора и 30 отсто за трета награда. Конкурсот се организира втора година, на минатогодишниот им биле доделени на 20 ученици кои освоиле награди на меѓународен натпревар, од кои речиси половина за освоено прво место.
Исто така, МОН и оваа година ќе додели финансиски надомест за освоено прво место на некој од државните ученички натпревари по различни предмети, кои се организирани од здруженија на наставници акредитирани од МОН. Износот е половина просечна нето плата за ученикот и за наставникот кој го подготвувал. За надоместот тие може да аплицираат до 31 август. Минатата година во оваа категорија (освоени први места на државни натпревари) им бил исплатен надомест на 156 ученици.
- Министерството и оваа, втора година по ред, продолжува со процесот на стимулација на македонските ученици, во насока на зголемување на нивната компетитивност и, секако, во насока на зголемување на нивните знаења. Значајно е што се повеќе кај децата има желба и, по една година имплементација, прилично сме задоволни и ќе продолжиме и во наредниот период, изјави ресорниот заменик-министер Спиро Ристовски. Тој апелираше до сите учесници на меѓународни и на државни натпревари да аплицираат за паричната поддршка што ја обезбедува Министерството за образование и наука.
Ново на Сител
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?