МОН повикува на почитување на мерките и одговорно однесување и надвор од училиштата
Министерството за образование и наука апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста. Посочува дека заедно со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ги презема сите мерки, препораки, протоколи, алгоритми и бара нивно целосно почитување од наставниците, учениците и родителите.
– Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат доколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата, нагласува МОН.
Министерството информира и дека наставата со учење од далечина успешно се спроведува и над 80 отсто од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкотии.
За останатите ученици кои немаат уреди или интернет-конекција часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.
МОН соопштува и дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел