МОН: Ниеден ученик нема да остане без учебници, печатените не се укинуваат
Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на претставничката на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ Весна Кусакатска, која вели дека ќе се укинат печатените учебници.
Министерството за образование и наука потсетува дека, како што и беше најавено од следната учебна година ќе се примени комбиниран начин на учење кој подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници.
Имено, за учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки. Но доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено. Додека лектирите и понатаму ќе бидат достапни само во печатена форма.
Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме.
Дискриминацијата е појава во образованието за која се зборуваше во минатото, а сега веќе целосно се елиминира. Актуелната влада и Министерството за образование и наука интензивно работат на инклузивноста во образованието.
Во таа насока, за првпат во учебната 2021/2022 година сите учебници ќе бидат достапни во аудио формат и на Брајово писмо за потребите на учениците со оштетен вид. Преку новиот Закон за учебници ги бришеме нелогичностите во содржините за кои, за жал во некои други времиња немаше реакции и со децении беа уништувани генерации на ученици.
Новиот Закон за учебници има строго утврдени правила по кои ќе се одобруваат и печатат книгите. Министерството за образование и наука нема да дозволи несоодветни содржини да бидат дел од материјалот кој го изучуваат ученици. Во иднина наместо дискриминирачки и омаловажувачки текстови ќе зборуваме за квалитет.
По однос на изнесувањата дека 10 проценти од учениците не се вклучени во наставата, должни сме да информираме дека се работи за апсолутна невистина, бидејќи преку хибридниот модел на настава (со физичко присуство, онлајн настава, достава на печатени материјали и едукативни емисии на МТВ) правото на образование никому не е скратено.
Министерството за образование и наука продолжува да вложува во образованието и во образовните институции, затоа што од квалитетното образование зависи иднината и развојот на државата.
Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче