МОН: Надминат е проблемот со превозот на учениците од Визбегово
Надминат е проблемот со кој се соочија дел од учениците од Визбегово, кои во недостиг на училиштен објект во местото на живеење посетуваат настава во други училишта на територијата на општините Бутел и Чаир, а поради прекин на организираниот превоз, изминатите денови се снаоѓаа индивидуално за да стигнат до своите училници, информира Министерство за образование и наука (МОН).
Проблемот е надминат на денешниот координативен состанок помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалниците на општините Бутел и Чаир, Дарко Костовски и Висар Ганиу.
-По конструктивна дискусија и изнесување низа предлози и сугестии за надминување на ситуацијата, Општина Бутел веќе го финансира организираниот превоз од Визбегово до ООУ „Исмаил Ќемали“, а Општина Чаир ќе продолжи да го финансира организирањето на превозот за учениците од Визбегово до ООУ „7 Марси“ до крајот на учебната година, прецизираат од МОН.
Во меѓувреме, додаваат, МОН работи на трајно решение, преку вложување во образовната инфраструктура, односно изградба на целосно нов, современ училиштен објект во Визбегово, каде од следната учебна година основците од оваа населба ќе го продолжат своето образование и повеќе нема да имаат потреба од превоз.
-Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право, така што ниту една причина не може да биде доволно издржана за истото да не се реализира. Секој предизвик може да се надмине со добра соработка помеѓу институциите на системот, а токму тоа денеска го потврдија Министерството за образование и наука и општините Бутел и Чаир, велат од МОН.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари