МОН и Фондот за иновации ќе финансираат проекти за млади истражувачи
Државата преку Министерството за образование и наука и Фондот за иновации и технолошки развој, ќе финансира проекти за млади истражувачи со вкупен фонд од 1,5 милиони денари.
Ова денеска го најавија министерката за образование, Рената Дескоска, и директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, на прес-конференција во средното училиште „Раде Јовчевски-Корчагин“, на која беше објавен повикот за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта.
- Со вкупен буџет од 1,5 милиони денари ќе се финансираат научно-истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки, подготвени од проектни тимови од најмалку тројца, а најмногу седум ученици, менторирани од најмногу двајца наставници, кои се лидери на проектот, рече Дескоска.
Истакна дека за секој поединечен проект можат да се доделат најмногу до 300.000 денари, со тоа што бројот на поддржани проекти и износите со кои што ќе бидат поддржани ќе зависат од конкуренцијата на пристигнатите апликации.
- Предвидено е да се доделат награди во две категории - истражувачки проекти во основно образование и истражувачки проекти во средно образование, што треба да бидат комплементарни со наставните програми, и да соодвествуваат на она што значи знаење и способности на категориите ученици кои ги предлагаат, истакна Дескоска.
Таа додаде дека ќе следуваат и парични награди во износ од 30.000 денари и за наставниците, кои ќе ја предводат реализацијата на првонаградените тимови, односно проекти во своите категории.
- Ова е иницијатива што води кон менување на општествената свест. Со ова сакаме да го поттикнеме критичкото и креативното размислување кај младите, да ја негуваме нивната љубопитност за осознавање на светот, на начин на кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини, тоа е целта на повикот, изјави Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Особено ќе се охрабруваат проекти што предвидуваат инклузивен пристап во формирање на тимовите - имаат еднаква родова застапеност, вклучуаат деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби, деца од различни возрасти, поднесени од училишта од рурални средини...
Пријавувањето на предизвикот за млади истражувачи ќе трае заклучно со 15.02. 2018 година.
Ново на Сител
-
Четири лица осомничени дека фрлиле бомба пред куќа во Битола
-
ЦУК: Локализиран пожарот во Батинци, не претставува закана за жителите и околните објекти
-
Вучиќ отфрла критики: 47.000 луѓе присуствуваа на воената парада во Белград
-
Македонските ракометарки го освоија „Трофеј Македонија“
-
НАТО ќе користи турски систем за воздушен надзор по руските упади со беспилотни летала
-
Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес
-
МЖСПП: Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници
-
Ангелов: Целосна контрола на пожарот над Батинци, имаме индиции дека е намерно подметнат