МОН го повлече учебникот за петто одделение по Mакедонски јазик, поради стереотипни и дискриминаторски содржини
Министерството за образование и наука информира дека во тек е подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.
Исто така, известуваме дека Министерството за образование и наука веќе го повлече учебникот по Македонски јазик за петто одделение, поради несоодветна и дискриминирачка содржина. Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма.
Министерството за образование и наука продолжува со силни реформски процеси во образованието како и со обезбедување на квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер