-->
-->
Моментот кога четиримесечното бебе за прв пат ја гледа својата мајка!
-->
Четиримесечниот Леополд Виблбур Реонд од Сиетел боледува од окулокутан албинизам (OCA), поради што му е ослабен видот и никогаш до сега потполно чисто не ја видел својата мајка.
Пред неколку дена, со помош на Мирафлекс наочарите, ја доби таа прилика, а снимката од неговата реакција ги разнежни сите, пренесува Боред Панда.
Малиот Леополд до сега лицето на својата мајка Ерин можел да го почувствува со допир, а фактот дека сега конечно може нормално да ја види за него е потполно ново искуство.
Откако Ерин му ги ставила наочарите бил малку збунет, но по неколку секунди почнал да се смешка, што ги разнежни апсолутно сите кои во тој момент покрај него, како и сите оние кои неговата реакција ја погледнаа на Јутуб.
- Емоциите ме преплавија, беше прекрасно, вели мајката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор