Момче загина од удар на гром
20 годишно момче од радовишко село Коџалево загина од удар од гром, а уште едно лице на возраст од 23 години е повредено. Немилиот настан се случил вчера во доцните попладневни часови на ливада во атарот на селото Коџалево во месноста викака Водоводот.
Според првичните информации двете момчиња во моментот на електричните празнења биле да го напасуваат добитокот. Веднаш по несреќата e повикана итната медицинска помош, но лекарите само ја констатирале смрта кај едното момче, а другото е пренесено во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. Случајот во полиција e пријавен од страна службата за итна медицинска помош во Радовиш.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на одделението за внатрешни работи Радовиш, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото момче е предадено на семејството.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар