Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани.
На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од политичката, академската и општествената заедница.
Паркот на револуцијата во Кочани денеска беше исполнет со гласна тишина, а шеесет и три бели столчиња наредени на отворено и со една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост - беа немо сведоштво за животите прекинати во најубавите години.
Во Центарот за култура „Бели мугри" во тек е централниот комеморативен настан „Ден на сеќавање“ - 16 март 2025, во спомен на трагично загинатите.
МИА
Ново на Сител
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
