Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза
Парламентот на Молдавија одобри воведување вонредна состојба поради енергетската криза во земјата на 60 дена, почнувајќи од 16 декември, изјави претседателот на парламентот Игор Гросу.
Потегот е преземен поради очекуваниот прекин на испораките на руски гас од 1 јануариМолдавската Влада на седницата во средата ја одобри потребата од воведување вонредна состојба, објави премиерот Дорин Речан, кој привремено ја извршува функцијата министер за енергетика.
„Предлог-одлуката за воведување вонредна состојба беше усвоена со 56 гласа од пратениците (од 101 во Парламентот)“, изјави Гросу на парламентарната седница.
Прогласувањето вонредна состојба и овозможува на владата брзо да реагира и да го ограничи извозот на енергија.
Молдавија добива руски природен гас преку Украина, која веќе соопшти дека нема да го продолжи договорот за транзит на руски гас со рускиот гасен гигант Газпром. Договорот истекува на 31 декември.
Ново на Сител
-
Габриел викендов се враќа во тимот на Арсенал
-
САД објавија за успешно тестирање на суперсонична ракета
-
Му однел јадење на татко му кој работел на објект паднал и починал, 23 годишник загина во Скопје
-
Просветниот синдикат на Србија се солидаризира со студентските барања
-
Парламентот на Грузија забрани маски и пиротехнички средства за време на протести
-
Руанда сака да биде домаќин на трка во Ф1
-
Кривична пријава за несовесно работење во службата и загадување на животната средина и природата
-
Светска банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19 проценти