Мојсовска: Граѓаните треба да сфатат дека Преспанскиот договор е завршена работа и од тоа нема назад
Договорот од Преспа ќе биде тема за добивање на политички поени, вели во Детектор професорката од економскиот институт Силвана Мојсовска. Таа вели дека граѓаните треба да сфатат дека договорот со Грција е завршена работа.
„Треба да се направи една кампања во општеството со која граѓаните ќе сфатат дека Договорот е конечен, тој е признат и дека секое враќање назад, практично, кои би биле последиците од враќањето назад. Која е алтернативата што ние би ја имале доколку се одлучиме за еден таков процес. Болен беше процесот, многу вложи државата и оттаму беше и големото разочарување во октомври“ – вели Мојсовска.
Според неа, политичките партии не треба да собираат политички поени на ова прашање, кое како што вели, уште долго ќе биде на македонската политичка агенда.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија
-
Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?
-
Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел
-
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
-
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“