Мојсоска: Во Кичево интересот за вакцинација далеку послаб споредено со минатиот месец
Последните дваесеттина дена стагнира интересот за вакцинација кај граѓаните на Кичево и како резултат на овој тренд, бројот на вакцинирани е во стагнација, додека бројот на ревакцинирани е во пораст, како резултат на претходно зголемениот интерес за прва вакцина во периодот од крајот на јули до средината на месец август, покажуваат податоците на Здравствениот дом во Кичево.
-И покрај апелите од страна на Министерството за здравство за вакцинација против Ковид-19, сепак кај граѓаните на Кичево интересот за вакцинација е далеку послаб споредено со периодот од месец август. Така во последните десет дена во здравствениот дом во Кичево, со прва вакцина се имунизирани само 450 граѓани, а речиси толкав беше бројот за еден ден во периодот до 15-ти минатиот месец. Големиот интерес за вакцинација кој беше присутен до средината на август резултира и со многу поголем број на ревакцинирани граѓани во последните десеттина дена, кога нивниот број изнесува 1.923 лица, истакна Мира Мојсоска, одговорна сестра во Здравствениот дом во Кичево.
Вкупниот број на вакцинирани граѓани, до 24 септември изнесува 13 927 лица, додека со втора вакцина од почетокот на ревакцинација, до истиот датум, се ревакцинирани 11 791 граѓанин и понатаму предничи бројот на вакцинирани граѓани со кинеската вакцина на„ Синовак“.
-Во нашиот Здравствен дом најголемиот број граѓани вакцинирани се со кинеската вакцина на„ Синовак“ вкупно 7 586, а предничи и бројот на имунизирани со втора вакцина од истиот производител, нивниот број изнесува 4 891. По Синовак „Фајзер“ е вакцината која е најзастапена во нашата општина. Така од почетокот на вакцинацијта до 24 овој месец, се вакцинирани вкупно 2 990 граѓани, а со истата се ревакцинирани 2 115 граѓани. Нешто помал интересот е за вакцината на „Астра Зенека“ и во истиот период со оваа вакцина се имунизирани 1 595 лица, додека втора вакцина примиле 1 553 лица. Бидејќи уште од поодамна ја нема на списокот на вакцини, најмалку застапена е вакцината на „Синофарм“, со имунизирани 1 307 лица со прва вакцина и 1 309 со втора вакцина, додава Мојсоска.
Ново на Сител
-

Тошковски: Десет лица осомничени во истрагата за запленетите 40 тони канабис, двајца се во 48-часовен притвор
-

ЗОИ 2026: Норвешка лидер по бројот на освоени медали, седум финални дисциплини
-

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор
-

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража
-

Научно-стручна расправа за Предлог-законот за помилување
-

Орбан ѝ се закани на Украина со прекин на електричната енергија поради блокадата на руска нафта по нафтоводот „Дружба“
-

Иран не бара војна, но ветува одговор на каков било напад од САД
-

Мерц повторно се кандидира за претседател на германската централно-десничарска ЦДУ
