-->
-->
Мојс повеќе не е тренер на Сандерленд
-->
Искусниот фудбалски тренер Дејвид Мојс повеќе нема да биде менаџер на Сандерленд.
54-годишниот Мојс си поднесе оставка од менаџерската позиција, откако екипата од североисточен Лондон заврши како последно пласирана во неодамна завршената сезона во Премиер лигата.
„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Елис Шорт и управата кои ми овозможија да ја водам екипата на Сандерленд, како и на навивачите кои секогаш страсно го поддржуваа клубот. На мојот наследник и на играчите им посакувам среќа и брзо враќање во Премиер лигата“, изјави Мојс.
Како што пишуваат англиските медиуми, Мојс се откажал од отштета од 3 милиони фунти која можел да ја земе по основ на предвремено прекинување на соработката.
Иако засега не е познато името на неговиот наследник, англиските медиуми најчесто го споменуваат името на Гери Монк актуелниот менаџер на Лидс Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не се јадат овошјето и зеленчукот од Трубарево, анализи на почвата да се прават и догодина, велат познавачите
-
Средба на Муцунски со помошникот државен секретар на САД за Европа
-
Тема на денот со Андон Чибишев, токсиколог
-
Директори, началници и шумочувари организирано го пустошеле Малешевието
-
13 приведени по инцидентот пред прилепската болница
-
Мицкоски очекува посуштински разговори со Софија дури по нова година
-
Минчев: Крај за партиските вработувања во Администрација, ќе се намалува за 40%
-
Ќе успеат ли политичарите да го спречат насилството врз жените?