-->
-->
„Мојата жена е херој: Од работа доаѓа со крв и солзи, и секое утро се враќа таму!“
-->
Раина Визон од Алабама е медицинска сестра во Брза помош. Секој ден ги остава сопругот и синот додека спијат, за да оди во долгите ноќни смени и работи повеќе од 14 часа. Неодамна нејзиниот сопруг Боби ја фотографирал додека спиела со синот, а таа фотографија ја објавил на Фејсбук и со неверојатна брзина се раширила.
„Ова е мојата жена која спие. За еден час ќе се разбуди и ќе облече униформа.
Алатките и предметите кои се неопходни ќе ги припреми внимателно, набрзина ќе ја среди косата и шминката, а потоа ќе рече дека изгледа ужасно. Јас не sе сголасувам со тоа, а потоа и носам кафе.
Таа седи на креветот со нозете прекрстени, пие кафе додека среќно игра детето околу неа.
Повремено ќе погледне рамнодушно додека разговараме, мислејќи дека не ја забележуваме.
Ќе го бакне бебето, па мене и ќе замине да им помогне на луѓето кои го имале најлошиот ден во животот. Автомобилски несреќи, прострелни рани, експлозии, сиромашни, богати, зависници - без разлика кој си и што си направил.
Таа се грижи за сите вас.
Се враќа дома по 14 часа работа и ги остранува чевлите извалкани од крв, солзи, оган и ги остава надвор.
Понекогаш и не сака да зборува за тоа, чека да помине некое време.
Понекогаш се смее и плаче, понекогаш само плаче, но без оглед на ситуацијата таа секога е на време на работа и ја чека својата смена.
Мојата жена е медицинска сестра. Мојата жена е херој.“
Илјадници луѓе коментирале на овој статус, се заблагодариле на неа и нејзините колеги заради нивната секојдневна работа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп