Могерини: САД не треба да се обидуваат самите да постигнат мир меѓу Израел и Палестинците
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини денеска ги повика САД да не се обидуваат на своја рака да постигнат мировен договор меѓу Израел и Палестинците.
Според Могерини, мировен договор не е возможен без поддршката на САД, но исто така не е возможен доколку само Вашингтон работи за негово постигнување.
Брисел се конфронтираше со Вашингтон по прашањето на признавањето на Ерусалим како главен град на Израел и одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја премести американската Амбасада.
Могерни денеска организираше итен состанок на Комитетот за координирање на помошта на палестинскиот народ и оцени дека сега владеат тешки денови за израелско-палестинските односи.
Таа вчера се сретна со палестинскиот премиер Рами Хамдала, средба која предизвика шпекулации дека Палестинците бараат ЕУ да ја преземе водечката улога во преговорите и да ги замени САД.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари