Свет
3. December 2016 - 16:25

Могерини: Падот на Алепо не е крај на војната

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини смета дека преминувањето на делови од Алепо од рацете на бунтовниците во рацете на владините сили нема да стави крај на војната во Сирија. 

- Уверена сум дека со падот на Алепо нема да заврши војната, изјави Могерини на панелот во рамки на конференцијата под покровителство на ОН. 

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека сириската Влада ја повратила контролата врз областа Тарик ал Баб, со што презела 60 отсто од источно Алепо, кое е под контрола на бунтовниците.