Могерини: На ЕУ и се заканува распаѓање поради бегалската криза

На Европската унија и се заканува распаѓање, доколку адекватно не одговори на најлошата бегалска криза на стариот континент уште од Втората светска војна, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Таа наведе дека доколку ЕУ едноставно се потпира на одговорите на одделни држави за ова европско прашање кризата уште повеќе ќе се влошува, со верижни реакции на јавното мислење и националните власти.
- Со цел тоа да се спречи Унијата мора да биде опремена со инструменти, кои ќе бидат дораснати на предизвиците, а без кои постои ризик од распаѓање на ЕУ, предупреди Могерини во интервју за италијанскиот весник „Соле 24 Оре“.
Австрија вчера најави план за изградба на ограда на границата со Словенија, исто така членка на ЕУ, со цел да го контролира приливот на бегалци, а и Словенија најави слични чекори.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
