Могерини: Мој приоритет е приближување на западниот Балкан кон ЕУ
Приближувањето на земјите од западен Балкан кон Европската Унија ќе биде еден од моите два приоритети за работа во наредниот период, заедно со зацврстување на безбедноста и одбраната на Унијата. изјави синоќа високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Во обраќање на годишната конференција на Институтот за безбедносни прашања на ЕУ во Брисел, Могерини нагласи дека приближувањето на западниот Балкан е „неповратен процес“ и прашање од стартешки интерес за Унијата, со што воедно ќе се реализира идејата за обединување на европскиот континент.
- Тоа не го велам затоа што на Балканот гледам како на проблематичен регион, туку затоа што сметам дека тоа е подрачје со најголем потенцијал, потенцира Могерини.
Според неа, во земјите од западен Балкан постои „многу импресивно ниво“ на посветеност кон ЕУ, бидејќи во нив довербата во Унијата е поголема отколку во некои членки на блокот.
- Имаме огромно влијание во регионот, кое недоволно го користиме. Во просек таму имаме посветени раководства, кои се подготвени да се ангажираат, но и не прашуваат дали сме ние посветни и конзистентни, потенцира Могерини, додавајќи дека доколку ЕУ не се ангажира на Балканот, тоа „ќе го направи некој друг“.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции