Свет
6. July 2015 - 8:40

Могерини: Иран и шесторката веќе нема да го пробиваат рокот за завршување на преговорите

Иран и шестте светски сили веќе нема да го поместуваат рокот за завршување на преговорите за нуклеарните прашања, за кои крајниот датум е 7 јули, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, цитирана од ТАСС.

-Правилото е такво што доколку работите врз планот „А“, треба и да се придржувате кон него, а овој план треба да заврши утре, на 7 јули, рече Могерини.

-Последениот пат, кога во Виена се собраа министрите, имаше билатерални средби на кои се дадоа политички упатства, изјави таа.

-Сега сме тука за да утврдиме дали можеме да го завршиме договорот, рече Могерини.

Според неа, „ токму сега треба да се донесат политичките решенија“.

-Ако е можно да се постигне договорот, тогаш тоа ќе е можно само 
сега, изјави таа.

Според неа, утре ќе има пленарно заседание на министрите за надворешни работи на Иран и шестте светски сили.

Дипломатски извор од западна делегација во преговорите во Виена, изјави дека политичките директори на Иран и шестте светски сили предложиле решенија за сите останати спорни прашања, но допрва претстои усогласување на параметрите за нив од шефовите на дипломатиите.

Тој потврди дека преговорите навлегуваат во решавашката фаза.

-Ние сме многу, многу блиску до исчекор, рече изворот.