Могерини: ЕУ ќе ги прими балканските земји по Брегзит
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека е „сигурна“ оти по заминувањето на Велика Британија од Унијата, „нејзината иднина нема да остане на 27 членки бидејќи ќе имаме нови земји членки“.
- Мислам на балканските земји со кои преговараме за членство во ЕУ. Повеќето за тој процес зборуваат како процес на „проширување“, но јас повеќе закам да кажам дека тоа ќе биде повторно обединување на Европа, истакна Могерини во Њујорк, одговарајќи на прашањето дали Брегзит ќе ја ослабне ЕУ.
На прашањето колку напредувале преговорите со земјите од Балканот во процесот за нивно членство во ЕУ, таа нагласи дека „благодарејќи на односот на секоја држава одделно со Унијата, постигнат е успех во голема мера да се излекуваат воените рани предизвикани од пред 20 години“.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа