Модриќ сака да ја заврши кариерата во Реал, Бејл повторно се повреди
Една добра и една лоша вест за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ призна дека е подготвен да игра за мадридскиот клуб до крајот на кариерата. Тековниот договор на 34-годишниот Хрват се пресметува до 2021 година.
– Сигурен сум дека можам да играм на високо ниво уште две години. Би сакал да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но и тоа ќе зависи од клубот изјави Модриќ.
За разлика од него, за Бејл често пати се пишуваше дека ќе си замине од Мадрид поради големите отсуства од тимот. Велшанецот нема да може да му помогне на Реал ниту на претстојниот натпревар.
Според „РМЦ“, 30-годишниот Бејл се повреди по петти пат оваа сезона.
Досега Бејл има одиграно 19 натпревари на сите турнири, постигна три гола и направи две асистенции.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
