Модриќ: Реал неодамна го победи Ливерпул на „Енфилд“, се надеваме дека ќе го направиме тоа повторно
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ги сподели своите очекувања од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Ливерпул.
- Имаме важен и тежок натпревар против голем тим на историски стадион исполнет со неверојатни навивачи. Ќе мора да работиме многу напорно за да постигнеме успешен резултат. Треба да дадеме сè од себе, да дејствуваме хармонично како тим и да си помагаме еден на друг. Како и секогаш, многу го анализиравме противникот, но многу добро ги познаваме играчите на Ливерпул бидејќи често игравме против нив. Не толку одамна, веќе победивме овде на „Енфилд“ и се надеваме дека ќе го повториме тоа, изјави Модриќ за официјалниот сајт на „Кралскиот клуб“.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.
Во сезоната 2020/21, Реал Мадрид се сретна со Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тогаш Реал победи со 3:1 во првиот меч кој се одигра во Англија, а во реваншот на домашен терен ремизираше (0:0).
Реал Мадрид исто така го победи Ливерпул со 1:0 во финалето на Лигата на шампионите 2021/22.
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата